„Блумберг“: Париз е против било каков датум за формални преговори

Фото: Profimedia

Германската канцеларка Ангела Меркел вчера беше во последен обид да го убеди францускиот претседател Емануел Макрон да дозволи старт на преговори за влез во Еврипската Унија. Но, остана нејасно дали Меркел и Макрон на работната вечера разговарале и за датумот за преговори за Македонија.

Амбасадорите на ЕУ денеска ќе се потрудат да посредуваат за компромис пред утрешниот состанок на министрите.

Во среда, пак, Франција и Германија ќе имаат меѓувладина седница во Тулуз.

Франција засега во јавноста не го открива ставот. Докуменетите до кои дошол „Блумберг“ велат дека Париз е против било каков датум за формални преговори со Македонија и Албанија, пред ЕУ да го заврши ремонтот на својата „методологија“. Со меморандумот што на 10 октомври го проследиле француски дипломати до другите влади на ЕУ, Париз сака понатамошните разговори да бидат „постепени, поконкретни во придобивките што им ги носат на засегнатите земји и да бидат реверзибилни според ефективното, опипливо и одржливо спроведување на реформите“.

Најновиот нацрт на одлуката, пак, со датум на 11 октомври, кој „Блумберг“ го видел, дава зелено светло официјалните преговори за пристапување да почнат во првата половина на следната година, но според дипломат цитиран од „Блумберг“, „никој не е среќен“ со текстот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот