Блумберг : Брисел ја „притиска“ Бугарија да го одблокира проширувањето на ЕУ поради украинската војна

Европска унија /Фото: Миа

Европската унија ја притиска Бугарија да го реши билатералниот спор со С. Македонија. Чекор со кој ќе се одблокираат преговорите на С. Македонија со Унијата за нејзино побрзо пристапување во еврозоната, додека еврозоната гради единство во однос на Русија и нејзината агресија против Украина, објави Блумберг.

– С. Македонија, поранешната југословенска република со околу 1,8 милиони жители, го смени своето име за да се приклучи на НАТО и да ги започне пристапните преговори со ЕУ. Додека државата не беше стопирана при нејзиното приклучување на воената Алијанса, Бугарија ја блокираше на почетокот на преговорите за членство во ЕУ околу наводни недоразбирања за историјата и јазикот на земјата, пишува Блумберг.

Магазинот понатаму ја пренесува и изјавата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен дадена неделава во која таа уште еднаш истакна дека Брисел треба да го исполни ветувањето дадено кон своите пријатели и партнери.

– Ништо повеќе нема да биде исто како пред војната, по војната. Да ги исполниме ветувањата кон нашите пријатели и партнери кои сметаат на нас е многу важно – изјави фон дер Лајен.

Медиумот наведува исто така бугарскиот премиер Кирил Петков, кој ја презеде функцијата во ноември минатата година, ветил дека ќе излезе од ќор-сокакот на меѓусебните одниси на земјите до јуни.

Сепак според Блумберг, неговите коалициски партнери го обвинија дека тој ги предава националните интереси бидејќи повеќето Бугари засега не ја поддржуваат промена на политиките кон соседот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот