Блумберг: Америка се спротивставува на планот на ЕУ да користи замрзнати руски средства за да ѝ помогне на Украина
САД се против планот на Европската Унија и земјите членки на „Г7“ групата да прифати план за користење на замрзнати руски средства за поддршка на Украина, изјавија денес луѓе запознаени со ова прашање, објави Блумберг.
Препорачано
Според информациите, американските претставници ги информирале своите европски колеги за време на разговорите на маргините на состанокот на Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон минатата недела дека засега нема да се приклучат на иницијативата.
Изворите, кои побараа да не бидат именувани, истакнуваат дека САД едноставно се воздржуваат во оваа фаза, наведувајќи ризици за стабилноста на пазарот, објавува агенцијата.
Овој потег е чекор назад за Европската Унија, која се обидува да ги убеди останатите членки на Г7 да се приклучат на нејзиниот план за користење на замрзнати средства на централните банки како колатерал за собирање до 140 милијарди евра кредити за помош на Украина.
Европската комисија, извршното тело на ЕУ, подготвува детален дизајн за механизмот, но нема да го објави пред лидерите на ЕУ да го дадат своето одобрение, што би можело да се случи на самитот во Брисел подоцна оваа недела.


