Бизарно: Ловџија застрелан од сопствениот загар – кучето згазнало на пушката

Ловџии/илустрација /Фото: МИА

Ловџија од американската држава Канзас бил пронајден мртов во својот автомобил во саботата, а локалните шерифи утврдиле дека тој умрел кога неговото куче случајно згазнало на чкрапалото на пушката, пренесе „Вашингтон пост“.

Неименуваниот маж од градот Вичита бил пронајден во близина на населбата Геуда Спрингс. Властите соопштија дека тој починал околу 9:40 часот изутрина.

„Кучето на сопственикот на камионот ја згазнало пушката и случајно го застрелало човекот. Куршумот ја погодил жртвата, која поради повредите починала на самото место“, соопштиле од канцеларијата на шерифот, како што пренесува „Њујорк пост“.

Полицијата не го објави името на несреќниот ловџија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот