Бизарни имиња на новороденчиња: Се родија „Ковид“, „Корона“ и „Изолација“

Фото: профимедиа

Давање имиња на детето е голема одлука, а луѓето кои станале родители за време на пандемијата на коронавирусот се погрижиле децата никогаш да не заборават дека се родени во време на една од најголемите опасности во новата доба.

Така еден пар од Индија го нарекле детето Санитајзер. Таткото, Омвир Синг смета дека тоа е придонес на него и на неговата сопруга.

– Кога луѓето ќе зборат за коронавирусот, ќе се сетат дека санитајзер ги спасил, вели гордиот татко.

Меѓутоа, ова не се единствените родители кои на овој начин одале почит на доаѓањето на своето дете на свет во овој драматичен историски момент.

„Ковид и Корона“

Исто така, во Индија на 27 март биле родени близнаци кои ги добиле имињата Корона и Ковид. Според извештаите на медиумите овие имиња почнале да ги користи персоналот во болницата, а родителите го прифатиле предлогот креирајќи нов тренд.

– Бременоста имаше неколку потешкотии и затоа јас и сопругот одлучивме денот да го направиме незаборавен, вели мајката Прети Верма.

„Изолација“

Пар од Индија ја искористил глобалната пандемија за детето да го крсти изолација.

 

– Го нареков изолација (Lockdown) заради пандемијата на Ковид-19 вирусот. По мое мислење, премиерот Нарендра Мори презема прав чекор кога нареди изолација и така целата нација ја спаси од смртоносниот вирус. Моето дете ќе се сети на преземените мерки против овој вирус кои ќе ја спасат нацијата, вели таткото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот