Бизарна реклама на погребно возило – „Не се вакцинирај”

Камион со името на наводната погребна компанија „Вилмор погребна куќа“ се појави во неделата на улиците на тој град во Северна Каролина, и наместо смирувачки слоган напишано е „Не се вакцинирај“/ Фото: Твитер

Камион на кој пишува „Не се вакцинирај“ бил забележан како кружи по улиците на градот во Северна Каролина. Многу луѓе помислиле дека оваа е уште една реклама на  анти-ваксерите и дека тие изнајмиле билборд во обид да ги убедат луѓето да не се вакцинираат.

Фотографијата со необичната порака e споделена на Твитер, а потоа се прошири и на други социјални мрежи. На прв поглед изгледа како порака од луѓе кои се против вакцинација, но вистината е сосема поинаква.

 

Но сепак, под натписот е напишано со мали букви „Погребна компанија Вилмор“

Ако се обидете да ја истражите оваа погребална компанија , ќе најдете црно-бела страница на која пишува: „Вакцинирај се сега. Ако не, се гледаме наскоро“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот