Бизарна изјава на Марта Стјуарт: Чекам да умрат моите пријателки за да можам да бидам со нивните сопрузи

Марта Стјуарт / Фото: Gabe Ginsberg / Getty images / Profimedia

Американската телевизиска личност Марта Стјуарт (81) неодамна се појави на поткастот на Челзи Хендлер, каде откри кои мажи ги смета за привлечни. Но, има еден проблем – станува збор за сопрузи на нејзини пријателки.

Taa откри дека има листа на мажи со кои би сакала да излезе на романтичен состанок, но мора да почека нејзините пријателки да умрат.

„Имав двајца ‘момчиња’ во последниот месец, што е навистина добро за мене. Но, излезе дека еден од нив е во брак со мајка на некои мои пријатели… Но, тој е толку привлечен“, рече таа.

Таа потенцирала дека никогаш не била „уништувачка на бракови“, иако имала прилики за такво нешто, а тоа дека повеќето од нејзините „симпатии“ се во брак со нејзини пријателки ѝ дополнителна пречка во тоа.

Водителката се обидела да сочувствува со неа и ѝ кажала дека некои врски се привремени и дека во иднина, можеби, ќе има шанса со мажите кои ѝ се допаѓаат, на што Стјуарт дала шокантен коментар.

„Или можеби ќе умрат! Секогаш помислувам: ‘О, Боже, зарем таа личност не можеше да умре?’, искоментира таа, додавајќи дека не им посакува „болна смрт“ на своите пријателки.

„Потребни ни се мажи кои ќе го зачинат љубовниот живот на Марта“, напиша водителката во описот на видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот