Обвинителството бара ефективен наместо куќен притвор за осомничените во случајот „РЕК Битола“
Битолското обвинителство поднесе жалба против одлуката на Судот, со која двајца од осумте осомничени во истрагата за злоупотреби со јавните набавки во РЕК „Битола“ беа пратени во куќен притвор. Од Обвинителството бараат мерка ефективен притвор, наведувајќи ризици од бегство, особено што еден од осомничените поседува значителен имот во странство.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Станува збор за еден од раководителите на Рудници во РЕК „Битола“ и за Борче Марковски, сопственик на фирмата „Марковски Компани“, која претходно добивала тендери од Комбинатот и се сомничи како правен субјект во случајот.
Јавното обвинителство истовремено спроведува истражна постапка против осум физички и едно правно лице за продолжени кривични дела поврзани со јавни набавки во РЕК Битола.
Петмина службени лица, меѓу кои поранешниот директор на Комбинатот и четворица раководители, се сомничат дека во текот на 2023 година како соизвршители сториле злоупотреба на службената положба и овластување, додека „Марковски Компани“ незаконски наплатила над 106 милиони денари со доставување на фиктивни фактури.
Според предистражните дејствија на Управата за финансиска полиција, се обезбедени докази кои ја потврдуваат вината на осомничените во случајот.


