Битиќи: Минималната плата во март со плус 2.175 денари

Фатмир Битиќи / Фото: Влада на Република Северна Македонија

Граѓаните ќе добијат за 2.175 денари повисока минимална плата веќе со мартовската исплата на плати, напишан на својот Фејсбук профил, вицепремиерот Фатмир Битиќи, додека се уште течеше седницата на Економско-социјалниот совет.

-Минималната плата ќе изнесува 20.175 денари. Во моментов тече Економско социјален совет каде преку дијалог со синдикатите и работодавачите лани се договоривме за системско решение и нова Методологија за постојан раст на минимална плата. Тоа е резултат на грижата на Владата за сите категории граѓани. Да обезбедиме континуирано одржлив животен стандард и поддршка на куповната моќ на нашите граѓани. Ова е единствениот исправен пат и начин за обезбедување социјална правда и правичност – дури и во време на глобална економска криза на која и претходеше здравствената криза предизвикана од пандемијата – напиша Битиќи.

По 2017 година грижата за вреднување на трудот на работниците стана приоритет за Владата и затоа се пронајде решение за системско покачување на платите со кое само за шест години минималната плата се удвои и сега изнесува 20.175 денари, додаде Битиќи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот