Битиќи на средба со граѓаните на Арачиново: Креираме програма заедно со граѓаните

Попладнево во рамките на теренските активности „Најдоборто за нашата општина“, потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи учествуваше на маалска средба со граѓаните од општина Арачиново, заедно со градоначалничката на општина Арачиново Миликие Халими и претседателот на ОО СДСМ Арачиново, Агрон Халими.

Пред присутните граѓани потпретседателот Битиќи се осврна на проектите на централната власт кои реално го унапредуваат животниот стандард на граѓаните. Денес зборуваме за континуиран раст на минималната и просечна плата, постојано инвестираме во подобрување на патната инфраструктурата, во капитални проекти кои се реални и видливи.

Токму поради тоа ние зборуваме за најдоброто, за она што го креираме заедно со граѓаните.

Во однос на вложувањата за Арачиново, потпретседателот Битиќи посочи дека после подолг период локалната власт, заедно со Владата го изградија канализациониот систем долг 10 км, кој што ги поврзува околните села Орланци, Мојанци и Грушино, токму затоа секогаш го нудиме најдоброто за секоја општина, затоа што вложуваме во реални, видливи прокети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот