ВИДЕО | Бислимоски: Следува сериозна гасификација и пониски цени на гасот!

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски при учеството на онлајн дебатата за состојбите во енергетскиот сектор пред стопанствениците и членовите на на собранието на Стопанската комора ја претстави состојбата во енергетиката во однос на снабдувањето со топлинска енергија, гас и електрична енергија.

Тој истакна дека претстои сериозна гасификација на земјата по далеку пониски цени од сегашните. Проценките се дека цената на гасот би се намалила за 20 проценти со идниот крак од Грција преку Северна Македонија па се до Косово.

– Во Бугарија по отворањето на Балкан хаб каде што има пристап на гас од Турција, но и на ЛНГ од Грција, цената на гасот се намали за 40 отсто. Податоците и анализите укажуваат дека секоја земја која гради инфраструктура и се поврзува со нови коридори, може да очекува пониска цена. Логично е тоа да се очекува и од гасното поврзување на Северна Македонија со Грција. Проценките се дека цената на гасот би се намалила за 20 отсто. Диверзификацијата на изворите од кои се снабдуваме со гас ќе ја зголемат понудата и цената ќе оди надолу. Кракот што го имаме со Грција е клучен затоа што ќе транзитира низ нашата земја и ќе оди и до Косово, посочи Бислимоски.

Прогнозите на потрошувачката и цените на енергенсите во претстојниот зимски перод и постапките за поднесување на приговор доколку настане штета поради прекин на испорака на електрична енергија, природен гас и топлинска енергија беа дел од прашањата за кои стопанствениците изразија интерес.

Проследете ја целата изјава на претседателот на РКЕ Марко Бислимоски во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот