Били Ајлиш ја напиша и ќе ја пее насловната нумера за новиот „Џејмс Бонд“: Лудо е да се биде дел од тоа!

profimedia

Били ќе стане најмладата која направила аудиозапис за познатата франшиза.

Кантавторката Били Ајлиш (18) ја доби честа да ја напише и да ја испее песната за 25. продолжение на Џејмс Бонд „No Time to Die“, пишува Гардијан.

Така Били ќе стане најмладата која направила аудиозапис за познатата франшиза.

„Лудо е да се биде дел од тоа во секој поглед. Голема чест е да се биде во состојба да се направи тематска песна за филм кој е дел од толку легендарен серијал. „Џејмс Бонд“ е најдобрата франшиза што постои. Уште сум во шок“, рекла Били.

Продуцентите на филмот велат дека нејзината песна е беспрекорно изведена и усогласена со емоционалната приказна на филмот.

Режисерот на филмот, Фукунага, изјави дека е голем фан на Ајлиш и на нејзиниот брат.

„Нивната креативност и талентот се неверојатни и не можам да дочекаат публиката да слушне што подготвија. Ова е нова перспектива чиј вокал ќе одекнува во следните генерациите“, рече Фукунага.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот