БИЛЕ НЕРАЗДЕЛНИ ПРИЈАТЕЛКИ: Кејт Мидлтон уверена дека таа му е љубовница на ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ (ФОТО)

profimedia

Многумина беа уверени дека меѓу Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се е во ред, но наводната љубовница на Вилијам, Роуз Ханбури на државниот банкет се појави сама и без прстен на раката.

Поранешната манекенка беше во палатата како една од 170-те повикани, а овој детаљ распали оган за гласините кои кружат веќе некое време.

profimedia

Исто така е сомнително што на банкетот Роуз и Кејт седеле на спротивни страни од салата. Иако некогаш беа изразено блиски пријателки, доста се одалечија во последните неколку месеци поради шушкањето за „пријателството“ меѓу Роуз и Вилијам, за кое Кејт изјави дека е чиста глупост.

Во март се пишуваше дека војвотката од Кембриџ почнала да ја исклучува Роуз од друштвото, а овој скандал направи толкава фама во кралското семејство што мораа да ангажираат посебна служба за односи со јавност која се занимава исклучиво со Роуз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот