Бијонсе потпишува нов договор со Дизни вреден 100 милиони долари

profimedia

Бијонсе ја продолжува соработката со Дизни и наскоро ќе потпише договор за три нови проекти.

Американската поп и аренби ѕвезда Бијонсе (38) ќе потпише договор во вредност од околу 100 милиони долари со медиумската куќа „The Walt Disney Company” со цел да соработува со нив во следните три филмови, само една година откако соработуваа на римејкот на цртаниот филм „The Lion King”.

Имено, Бијонсе ќе потпише голем договор со Дизни, со кој минатата година соработуваше и го сними албумот „The Lion King:The Gift” за потребите на филмот.

profimedia

 

Во трите нови проекти спаѓа песната за фимот „Црниот пантер 2“ кој во јавноста ќе излезе во 2021 година.

– Бијонсе стана главна ѕвезда, бидејќи совршено се вклопува во бендот на Дизни, најави извор близок до пејачката.

– Таа веќе соработуваше со нив во многу проекти, а сега сакаат да ја задржат и за идните проекти, додаде изворот.

profimedia

Таа прв пат со Дизни соработуваше во 2007 година за филмот „Алиса во земјата на чудата“, а во 2006 снимаше за филмовите „The Pink Panter” и „Dreamgirls” во кои толкуваше една од главните улоги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот