фото: твитер

БИ БИЛО УБАВО: Кога би се повторил „Боксинг деј“ од 1963. година (ФОТО)

За оние кои за првпат се запознаат со терминот „боксинг деј“, нема апсолутно никаква врска со боксот, туку со кутиите („бокс“) кои слугите уште во текот на Средниот век ги добивале од своите господари за вториот ден од Божиќ.

А најголемиот подарок кои фудбалерите во англискиот шампионат го даруваа на навивачите на „Боксинг деј“ беше изданието од 1963.

Традиционалното коло во Премиер лигата на „Боксинг деј“ со себе секогаш донесува голем број на голови, а дефинитивно нема да се заборави легедарниот рекорд од далечната 1963. година.

фото: фејсбук

Таа година, најдобрите тимови во Англија постигнаа неверојатни 66 голови, односно 6,6 по натпревар.

Најмногу голови имаше на мечот Фулам-Ипсвич (10:1), а Барнли го декласираше Манчестер јунајтед пред своите навивачи со 6:1.

Замислете вакво нешто да се повтори и седмицава кога на програмата в четврток и петок е 19. коло од Премиер лигата.

Премиер лига, 19. коло

Четврток (26. декември) –

13.30 часот
Тотенхем-Брајтон

16.00 часот
Астон Вила-Норич
Борнмут-Арсенал
Челзи-Саутемптон
Кристал Палас-Вест Хем
Евертон-Барнли
Шефилд јунајтед-Ватфорд

18.30 часот
Манчестер јунајтед-Њукасл

21.00 часот
Лестер-Ливерпул

Петок (27. декември) –

20.45 часот
Вулверхемптон-Манчестер сити

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот