Би-Би-Си се посрамоти: Наместо Брајант го „погреба“ Леброн Џејмс

твитер

Во моментите кога целиот свет тагува поради смртта на Коби Брајант, неговата ќерка Џиана Џиџи и уште седум други лица, кои настраа во хеликоптерската несреќа во Калифорнија, британскиот јавен сервис Би-Би-Си направи недозволива грешка со која го згрози целиот свет.

Имено, Би-Би-Си ги помеша Коби Брајант и Леброн Џејмс и во веста за трагичната смрт на еден од најдобрите кошаркари во историјата, тие ставија фотографии на Леброн Џејмс, алудирајќи дека токму тој загинал во несреќата.

Ваквиот потег на Би-Би-Си предизвика реакции низ целиот свет, бидејќи еден од најугледните и најпрестижни медиуми, не смее да си дозволи ваква грешка.


„Кој го пушти ова? Би-Би-Си користи снимки на Леброн Џејмс наместо Коби Брајант. Убаво на дресот пишува Џејмс“, напиша еден од гневните корисници на Твитер.

„Дали можете да објасните зашто во вестите покажавте снимки на Леброн Џејмс, а не на Коби? Би-Би-Си е патетичен“, напиша друг корисник на Твитер.

Уредникот на Би-Би-Си, Пол Ројал ја призна грешката.
– Во вечерниот извештај за смртта на Коби Брајант за Би-Би-Си њуз 10 по грешка искористивме слики на Леброн Џејмс во еден дел од извештајот. Се извинуваме поради оваа човечка грешка – изјави Ројал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот