Џеф Безос и Лорен Санчез / Фото: EPA-EFE / JILL CONNELLY

Безос и Санчез бараат од братот на Лорен да им плати 190.000 долари за судски трошоци

Џеф Безос и Лорен Санчез побараа од Вишиот суд на Калифорнија Мајкл Санчез, отуѓениот брат на Лорен, да им исплати речиси 190.000 долари за судски трошоци и адвокатски трошоци, повикувајќи се на пресудите во нивна корист во врска со, како што велат, неоснованите“ тужби што тој ги поднел против нив, пренесе Page six.

Според поднесеното барање од 28 јули, Лорен Санчез и Џеф Безос бараат 182.374 долари за адвокатски трошоци и 8.182 долари за судски трошоци во врска со успешното барање за отфрлање (Special Motion to Strike) и барање за надоместоци и трошоци“.

Во претходна фаза од спорот, откако тужбата на Мајкл Санчез за клевета беше отфрлена во 2020 година, Безос веќе добил 218.385 долари надомест (од бараните 1,7 милиони долари), а судот пресуди дека ангажирањето голем тим адвокати е несразмерно“ во однос на случајот.

Зошто воопшто се тужат?

Во февруари 2020 година, Мајкл Санчез го тужеше Џеф Безос за клевета. Тој тврдеше дека Безос (и неговиот тим) лажно го прикажале како лице кое им доставувало на медиумите интимни пораки и материјали за врската на Безос со Лорен Санчез, што, според него, предизвикало штета на неговиот углед и на работата. Судот во Лос Анџелес подоцна ја отфрли тужбата за клевета, утврдувајќи дека доставените докази не ги исполнуваат стандардите и дека голем дел од нив се потпираат на недозволени или слаби извори. Паралелно и последователно, продолжија низа поднесоци и контраподнесоци (вклучувајќи барања за трошоци), а сега Безос и Лорен Санчез бараат дополнителни трошоци за поновите поднесоци, тврдејќи дека Мајкл поднел несериозни“ тврдења кои, според нив, биле осудени на неуспех“.

Во своите изјави, Мајкл Санчез ги напаѓа Лорен и Безос, како и судскиот систем, тврдејќи дека тој е во право, но судскиот епилог досега беше во корист на Безос и Лорен Санчез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот