Без струја утре и задутре ќе бидат повеќе делови на Скопје

Утре од 08:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од село Добридол, Општина Сопиште.

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре и во вторник без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сопиште, Кисела Вода, Зелениково и Карпош, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Утре од 08:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од село Добридол, Општина Сопиште.

Во вторник во периодот од 09:00 до 11:30 часот без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците од ул. „Саса” во населба Пинтија, Општина Кисела Вода.

Од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од село Зелениково, Општина Зелениково, а од 12:00 до 15:00 часот дел од корисниците од ул. „Јуриј Гагарин”, Општина Карпош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот