Без маски уште денеска, се чека на Службен весник

Фото: Драган Митрески

Задолжителното носење маски на отворено се уште не е стапено на сила. За измените на Законот за заштита од заразни болести да бидат правосилни неопходно е најпрвин да се објават во Службен весник, а оттаму не ја исклучуваат можноата тоа да се случи подоцна во текот на денот.

Во моментов измените се во рацете на претседателот Стево Пендаровски, кој треба да го потпиша указот, откако вчера беа изгласани во Собранието. Од законодавниот дом, за Слободен печат, потврдуваат дека чекаат да им биде вратен указ од Вила Водно, по што одлуката ќе ја испратат во Службен весник.

Мерката за задолжително носење маска ќе важи за движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори како државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени установи и слично, соопштија од Министерството за здравство.

Граѓаните ќе треба да носат респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично.

Мерката нема да важи при спортување на отворен простор или на затворено со почитување на специфичните протоколи за заштита, при возење во приватно патничко моторно возило ако возачот е сам или со лица со кои заедно живее, при престојување во двор на семејна куќа или во угостителски објект со почитување на протоколите за заштита. Мерките за носење на маска не важат за лица помлади од шест годишна возраст и за лица со посебни потреби и пречки во развој.

За неносење на маска на отворено предвидена е парична казна од 20 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот