Бесплатни влошки и хигиенски услови за девојчињата во осново училиште во Тетово

Основното училиште „Андреа Савевски Ќиќиш” е првата образовна установа каде се спроведува пилот проект за подобрување на менструалната хигиена со тоа што ќе се делат бесплатни средства-влошки и се направи адаптирање на женските тоалети.  Проектот го спроведува Здружението Новинари за човекови права со поддршка на Британската амбасада.

– За наредните три месеци тука ќе има средства за менструална хигиена-влошки кои ќе можат да ги земат бесплатно девојчињата. Адаптиравме два тоалета според стандарди за управување со менструална хигиена, што значи обезбедивме пристап до вода во самата кабина од тоалетот, со поставување чешма, поставени се по две канти за смет во посебно ќе се собираат хартија и влошките и тампоните. Потребно е да има во кабината сапун и хартија за бришење раце. Идејата е и државата да овозможи на секое девојче да добива бесплатен пакет за менструлана хигиена. Во секое училиште да има катче каде ќе има сет за менструлна хигиена, спакуван и секое девојче да го добие од класниот раководител од 1 до 5-ти во месецот. Ја повикувам бизнис заедница да донира со цел да се обезбедат влошки за сите училишта, како и државата да го намали данокот од 18 на седум отсто за овие производи, изјави Наташа Доковска од Здружението.

-Во рамките на проектот за подобро одржување на ментструална хигиена ние реализиравме и активности преку предавања за ученички во репродуктивниот период од повозрасните од шесто до осмо одделение, а денес завршната активности.  Се надевам дека вакви хигиенски средства во иднина ќе се добиваат континуирано бесплатно, рече Дијана Ценовска, директорка на училиштето.

Д-р Михаил Кочубовски од Институтот за јавно здравје посочи дека менструалната хигиена е важна за целопкупното здравје на поединците, но и на сите заедно.

-Подолго време во оваа насока работиме според Протокол за вода и здравје. Менструалната хигиена за мене како доктор по хигиена и здравствена екологија е многу важна затоа што ако имаме бесплатни продукти девојчињата ќе имаат подобро здравје.  Со добри практики од здравствен аспект ќе ја унапредуваме здравствена состојба кај младите и кај девојињата во репродуктивниот период, рече Кочубовски.

Проектот е насловен ДА ја искорениме менструлната сиромаштија.

– Да се стави крај на менструалната сиромаштија, треба да се стави крај на ситуацијата во која девојчињата немаат пристап до хигиенски производи, да се срами да побара па поради тоа да не може да оди на училиште. Во Велика Бриатанија имаме до 50 проценти на случаеви, но тука во руралните области тоа достигнува и до 90 проценти. Тоа не е прифатливо и мора сите да работиме за промена. Мора да биде одржливо ова и да биде поддржано од властите и бизнисите. Целта е да не влиаје врз нивното образование- истакна британската амбасадорка Рејчеј Галовеј.

Пилот проектот ќе се спроведе и во ОУ „Гоце Делчев” во Ресен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот