Бешлиовска: Медицинските сестри заминуваат во странство, но се откажуваат и од професијата

Медицински работници/ Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Медицинските сестри масовно заминуваат од државните болници во приватните, но и во странство, а има и такви кои заминуваат од професијата, алармираа денеска од Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки „За нас“.

„Заминуваат и сестри кои се повозрасни, со повеќе работен стаж, а тоа што нас најмногу не загрижува е тоа што не заминуваат само во приватниот сектор или во странство, туку заминуваат од професијата, одат да работат нешто друго, истакна претседателката на Здружението Гордана Бешлиовска на прес-конференција.

Таа потенцираше дека бараат стратегија за медицинските сестри, да се признаe нивното образование, како и да се инвестира во нивното образование и едукација.

„Сестрите не се само бројки и коефициенти, тие не се само преточени во барања за плата. Нас ни фали приоритет, внимание, инволвирање во здравствените политики, ни требаат можности за да кажеме што е потребно за нас“, рече Бешлиовска.

Таа истакна дека во болниците има сетри со завршено средно образование кои имаат неверојатни вештини и знаења и апелираше да се врати нивниот авторитет бидејќи, како што рече, тие се оние кои треба да ги едуцираат младите сестри.

Бешлиовска се осврна и на Вториот конгрес на медицински сестри што се одржа од 13 до 15 октомври во Струга на кој, како што рече, бил поканет и министерот за здравство, кој бил оправдано отсутен поради деловно патување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот