Беса нема да биде дел од евентуална широка влада

Биљал Касами/ Фото: МИА

Беса нема да биде дел од евентуална широка влада, туку ќе биде дел од нова влада по изборите како победник во албанскиот политички блок. Ова е ставот на претседателот на Беса Билал Касами даден за порталот на албански јазик „Журнал“.

Тој на прашањето дали ќе усчествува во широка влада Касами вели:

„Не. Движењето Беса ќе влезе во Владата дури по следните избори, како победник на тие избори во албанскиот политички блок“.

Доколку се постигне договор за уставните измени и за широка или преодна влада и премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјавија дека во широка влада добро бии било да учествуваат и опозициските партии на Албанците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот