Бериша го повика Рама да поднесе оставка, инаку „ќе го отстранат гневните граѓани“

Еди Рама и Сали Бериша
Еди Рама и Сали Бериша / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ/VALDRIN XHEMAJ

Лидерот на побројното крило на албанската опозициска Демократска партија, Сали Бериша го повика премиерот Еди Рама да поднесе оставка доколку „не сака да биде отстранет од функцијата од гневните граѓани”.

Бериша оцени дека објавувањето на податоците од хакерите на иранската група „татковинска правда”, според кои Рама потрошил 19 милиони евра за 127 патувања со чартер, на виделина излегол уште еден супер скандал.

„Еди Рама веднаш да си поднесе оставка и да не чека гневните Албанци да го симнат од власт. Сите овие податоци се добиени од TIMS. Тие се оригинални документи. Поголем скандал од овој нема, кој најдобро ја покажува антиграѓанската психологија на овој човек“, изјави Бериша.

Се прашува зошто Рама и градоначалникот на Тирана Ерион Велиај неколкупати патувале во Техеран, додавајќи „дали поради бизнис или друго”.

Делот на Демократската партија предводен од Бериша, најави одржување национален протест на 12 идниот месец.

„Убеден сум дека температурата на гневот по новите откритија достигнува неподнослив степен. Апел до сите Албанци да застанат и да го соборат режимот кој се заснова на криминал, дрога, кражби и измами“, рече Бериша на прес-конференција во седиштето на партијата, кое од поодамна го зазедоа со неговите приврзаници.

Ги покани опозициските партии да бидат дел од протестот на 12 ноември, додавајќи дека ќе се потпишат договори со секоја партија што ќе влезе во коалиција за локалните избори во 2023 година.

Договор за заеднички настап на изборите Бериша вчера потпиша со Илир Мета, лидер на Партијата на слободата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот