Аналена Бербок / Фото EPA-EFE/Filip Singer

Бербок: Германија е подготвена за Трамп

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави дека Германија е подготвена да го поздрави вториот мандат на американскиот претседател Доналд Трамп, пишува ДПА.

„Како Европејци, а со тоа и како Германци, стекнавме искуство со првиот мандат на Трамп“, рече Бербок за подкастот на „Политико“.

„Во изминатите години, вклучително и за време на мојот мандат, интензивно работевме за да заземеме европска стратешка позиција“, додаде таа.

Коментирајќи ги изјавите на Трамп за територијални претензии кон Гренланд, Канада и Панамскиот канал, Бербок ги повика европските земји самоуверено да застанат во одбрана на нивните интереси и меѓународниот поредок.

Трамп полага заклетва во понеделник и го започнува својот втор мандат во Белата куќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот