Бенјамин Нетанјаху / Фото: EPA-EFE/MIRIAM ALSTER / POOL

Бенјамин Нетанјаху: Она што ќе го направиме во следните неколку дена ќе одекнува со генерации

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и се обрати на нацијата во врска со ситуацијата во таа земја и ги повика опозициските лидери веднаш да формираат влада на национално единство.

„Единствено што е важно е да останете смирени. Знам дека сите сакаме резултати токму овде, сега, но ќе биде потребно извесно време. Ви ветувам дека на крајот на војната, нашите непријатели ќе знаат дека нападот на Израел е ужасна грешка“, рече тој, додавајќи „она што ќе го направиме во следните неколку дена ќе одекнува со генерации“.

Нетанјаху, исто така, рече дека некои вооружени членови на Хамас се уште се на израелска територија.

Израелскиот премиер рече дека ќе направи се за заробените израелски граѓани во Газа. Нетанјаху, исто така, ги обвинува вооружените лица на Хамас за убиство на деца.

„Секое место каде што дејствува Хамас ќе се претвори во прашина. Тоа веќе се случува и ќе продолжи да се случува“, додаде тој. Тој додаде дека САД го поддржуваат Израел на „секој начин“ и дека „непријателите на Израел разбираат што значи тоа“.

„Сите наши непријатели ќе знаат дека беше страшна грешка да се нападне Израел. Она што ќе го направиме во следните неколку дена ќе одекнува со генерации“, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот