Беловски: За правата на новинарите и медиумските работници сум подготвен да излезам со шатор на улица

Павле Беловски, претседател на ССНМ/Фото: Слободен печат

Голем дел од работничките права на новинарите и медиумските работници во Македонија не се почитуваат. Некои од проблемите со кои се соочуваат новинарите се неисплаќање дневници за работа во недела или на празник, неисплаќање дополнителни работни часови, неисплаќање регрес, како и скратен годишен одмор. Да биде иронијата поголема, наместо бенефициран стаж, многу новинари воопшто немаат регулиран стаж, односно работат без да им бидат платени придонеси.

Новоизбраниот претседател на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Павле Беловски, истакна дека статусот на новинарот и на медиумскиот работник во Македонија е на незавидно ниво.

– На новинарите треба да им се гарантира сигурно работно место, со цел да се реши нивната егзистенција на подолг временски рок. На тој начин ќе се ослободат од стегите на стресот, притисокот и тензијата за неизвесна иднина. Кога зборуваме за бенефициран стаж, мене ме плаши тоа што колегите сакаат да си заминат од оваа професија што е можно побрзо, а тоа е така бидејќи не се чувствуваат безбедно. За борбата на правата на новинарите и на медиумските работници сум подготвен да излезам со шатор среде улица, бидејќи е редно време со закон да се заштитат новинарите од физички напади“, потенцираше Беловски.

Целиот разговор со Павле Беловски можете да го проследите на следното видео:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот