Белграѓани синоќа одржаа собир на Врачар, пеш се упатија кон министерството за образование и бараа оставки

Врачар, Белград / Фото EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Неколку стотици граѓани синоќа се собраа пред основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар каде беа убиени осум ученици и еден чувар. А на Цветниот плоштад, кој се наоѓа во близина на тоа училиште, се собраа неколку илјади луѓе. Потоа повеќе илјади лица спонтано дојдоа во Министерството за образование каде бараа оставка од министерот за образование Бранко Ружиќ.

На Врачар граѓаните им оддадоа почит на жртвите, положија цвеќе, запалија свеќи и оставија играчки, а она што беше забележително беше – тишината.

Вакви собири за убиените деца беа одржани и во Нови Сад, Ниш, Крагуевац и други градови во Србија.

Министерот за образование Бранко Ружиќ вчеравечер изјави дека никој не очекува инциденти како нападот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, но дека министерството и државата во иднина секојдневно ќе преземаат мерки за спречување на вакви настани.

-Ова е еден случај кој потсетува на имитација на оние случаи што се случуваат во некои западни општества, но и во Крим, Русија, Азија, Австралија … Тие ја применуваат таканаречената мантра „copycat“, изјави Ружиќ. РТС.

Министерот повтори дека немало пропусти во системот и додаде дека здравството и внатрешните работи и образовниот систем реагирале навремено.

-Тоа е она што е парадоксално. Ова е единствен случај, има многу случаи во кои има празнини во системот кога зборуваме за класично врсничко насилство, дигитално насилство, вербално насилство и други, рече тој.

Тој оцени дека длабинската анализа ќе даде одговори на сите овие прашања, но дека тоа нема да биде воопшто лесно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот