Беџети по средбата со Ахмети: Цврсто против извршната власт

Блерим Беџети и Али Ахмети/Фото: Фејсбук

Блерим Беџети, градоначалник на Сарај и дел од „огнената група“ која бара смена на министрите на ДИУ на чело со првиот вицепремиер Артан Груби и реформа на партијата, на Фејсбук објави фотографија со лидерот Али Ахмети. Под фотографијата Беџети напиша: Заедно со мојот претседател и пријател Али Ахмети и цврсто во мојот став против извршната власт.

Беџети не одговара на телефонските повици, дали на средбата со лидерот бил само тој или и другите потписници од „огнената група“: Изет Меџити, Невзат Бејта, Муса Џафери и Висар Ганиу. Нема информација дали на средбата со Ахмети е договорено нешто, дали ги испеглале недоразбирањата и кои ќе бидат следните чекори на „огнените“.

„Огнената група“ преку писмо побара смена на сите министри од ДУИ во Владата на премиерот Димитар Ковачевски, реформи во партијата дооформување на партиските орган, избор на ново партиско раководство и дебата воДУИ за сите битни прашања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот