Бебе почина во болницата во Охрид

Unsplash
Бебе/ Фото: МИА

Едногодишно бебе било донесено во Охридската болница во тешка здравствена состојба, а по реанимацијата била констатирана смрт.

„Денес во 7:44 часот, во СВР Охрид, од Медицински центар Охрид било пријавено дека кај нив во тешка здравствена состојба, како резултат на претходни заболувања, било донесено едногодишно бебе, кај кое по реанимацијата била констатирана смрт без траги на насилство“, информираа од СВР Охрид.

За настанот бил запознаен јавен обвинител, по чија наредба телото било дадено на семејството, додаваат од СВР Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот