Баскет Кам не ја дава титулата, четврти шампионски трофеј во низа
И во третиот натпревар од финалето во најдобрата македонска женска кошаркарска лига, екипата од Македонска Каменица беше подобра од онаа од Крива Паланка, сега како гостин (67:49) за конечни 3:0 во серијата.
Препорачано
Екипата на Баскет кам е нов-стар шампион на Македонија во женска сениорска конкуренција.
Ивана Кметовска беше најефикасна во победничките редови со 28 реализирани поени. Димова ја следеше со 16, додека капитенот Поп-Димитровска имаше 10 поени.
Кај Крива Паланка, Робинсон запиша 23 поени, но изостана поддршката од колешките, па оваа сезона за овој тим завршува со сребрените медали – наменети за финалистот на плеј-офот.
За најкорисен играч на финалето (МВП) беше прогласена кошаркарката на Баскет Кам Ивана Кметовска.
Македонската репрезентативка одигра на врвно ниво на сите три одиграни натпревари во финалето на плеј-офот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
26мин
-
45мин
-
3час
-
4час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


