Барселона сè уште добро заработува на Меси, дресовите со негов потпис ги продава за повеќе од 1.000 долари

фото: EPA-EFE/ENRIC FONTCUBERTA

Иако за време на летниот преоден рок потпиша за ПСЖ, Лионел Меси сè уште и носи пари на Барселона.

Во официјалните продавници на Барселона сè уште се продаваат дресови со потписот на Лео Меси и по цена од дури 1.170 евра. Во продавниците на Барселона се продава и капитенска лента со потписот на Аргентинецот и тоа за сума од 643.5 милиони.

Барселона заработува и од останатите клупски легенди, па така може да се купат дресови на Андрес Иниеста, но и на актуелниот тренер Чави Ернандез.

Комплет дресови со потпис на Меси, Чави и Иниеста од сезоната 2013/14 во продавниците на Барселона се продаваат за неверојатни 2.950 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот