Барселона и Реал во проблеми пред „Ел Класико“

Фото: EPA-EFE/Enric Fontcuberta

Барселона и Реал Мадрид се во проблеми пред дербито кое се игра во недела.

„Ел Класико“ кое се игра во недела би можело да биде пресудно во борбата за титулата во Шпанија, а како што стојат работите и двата тима во него ќе влезат прилично ослабени.

Каталонците се на првото место и имаат девет бода предност, а за овој дуел сигурно нема да може да сметаат на младиот Педри. Одличниот фудбалер на Барселона и еден од најталентираните во светот пропушти шест натпревари поради повреда на мускулот и на два дена пред натпреварот стана јасно дека нема да може да настапи.

Од друга страна Реал Мадрид во натпреварот во кој нема право на грешка ќе влезе без капитенот Карим Бензема.

Французинот донесе победа против Ливерпул во реваншот, но во таа ситуација доби удар од Вирџил Ван Дајк и од тој натпревар не тренираше. Шпанските медиуми пренесуваат дека во најдобар случај „Ел Класико“ би можел да го започне од клупата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот