Барди и Леванте два пати водеа но на крајот се поразени во градското дерби со Валенсија (ВИДЕО)
Македонскиот репрезентативец Енис Барди се најде во првиот тим на Леванте кој во градското дерби загуби со 4:2 од Валенсија на стартот од Ла Лига.
Екипата на Леванте во првото полувреме во два наврати имаше водство но на крајот не успеа да дојде до поволен резултат. Моралес донесе водство уште во првата минута но Валенсија преку Габриел израмни. До крајот на првото полувреме повторно Моралес носи водство за Леванте, но овој пат стрелец за Валенсија е Гомез.
Во второто полувреме, Ваљехо постигна два гола за Валенсија и ги реши дилемите околу победникот.
Екипата на Виљареал иако во новата сезона влегува со големи амбиции, на стартот ремизира со Уеска играјќи 1:1. Гостинските фудбалери поведоа преку Мафео во 42. минута, а Морено во 68. минута со прецизен удар од пенал не дозволи изненадување.
Резултати:
Алавес – Бетис 0:1
Ваљадолид – Реал Сосиедад 1:1
Виљареал – Уеска 1:1
Валенсија – Леванте 4:2