Бараа едно, најдоа друго: Руски и американски научници открија супстанца што наместо за ковид-19, би била ефикасен лек за канцер

Фото: EPA-EFE/SALVADOR SAS

Руските научници, во активното трагање по соединение во борбата против коронавирусот, открија супстанца што потенцијално би можела да биде од корист во лекување на рак на невробластом. Откритието е направено во соработка со американските колеги.

Резултатите од истражувањето на научниците од Одделот за хемија и фармакологија на Севернокавкаскиот федерален универзитет (НКФУ) се објавени во списанието „Органска и биомолекуларна хемија” (Organik end Biomolekular Kemistri).

„Истражувачите опишаа синтеза на материја што ќе му помогне на човештвото во борбата против невробластомот, еден од најопасните типови на канцер. Хемичарите на почетокот трагаа по соединение што ќе има ефект во борбата против ковид-19, но се покажа дека антималигната активност на овие супстанци е многу поголема”, се наведува во соопштението на НЦФУ, пренесено од агенцијата Тасс.

Методата користена во ова истражување се нарекува „реакцијата на Аксен” и откриена е во 2010 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот