Бањаја најбрз на спринтот во Австрија

Фото: EPA-EFE/TIM KEETON

Aктуелниот светски шампион во Мото ГП, Франческо Бањаја ја продолжи доминацијата оваа сезона. Во возбудливиот спринт на гранприто во Австрија, Бањаја заврши пред Брад Биндер и Хорхе Мартин.

Бањаја до победата дојде и повеќе од убедливо со две секунди предност во однос на Биндер од Ред Бул. Трет заврши Мартин кој заостана дури пет секунди. На четвртата позиција беше Алекс Маркез, Џек Милер петти, а Пол Еспаргаро шести.

Екс-шампионот Марк Маркез заврши како десетти, додека Фабио Квартаро се пласираше на 15. позиција.

Утре од 14:00 часот се вози трката за Големата награда на Австрија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот