Балканскиот Ескобар во Атина не носел оружје и користел јавен превоз

Според грчките медиуми, на прашањето од страна на полициските службеници каде живеат и каде живееле досега, рекле дека не знаат и оти не се сеќаваат.

Грчките медиуми на големо пишуваат за убиството на Игор Дедовиќ  и Стефан Стаматовиќ пред две недели во Атина.

Дедовиќ, според грчките медиуми, го префлил својот „штаб“ во Атина, бидејќи сакал да го искористи пристаништето во Прија со цел кокаинот од Колумбија да може да го дистрибуира низ Европа.

Грчките медиуми пишуваат дека двајцата го промениле личниот опис. Ослебеле, пуштиле бради и ги промениле фризурите. Исто така, се претставувале како хрватски бизнисмени со српски корени.

-Не беа вооружени и избегнуваа неволји. Немаа ниту автомобили, туку користеа јавен превоз, а понекогаш и такси. Ја менуваа адресата на живеење скоро секоја недела, а комуницирале со сопругите и соработниците преку кодирани пораки, пишува грчкиот портал „Прототема“.

Сепак, иако истрагата се уште е во тек, полициските службеници се уште не откриле информации за движењето на Дедовиќ и Стаматовиќ, но и нивните бизниси во Атина.

-Чекаме криминалната лабораторија да ги открие нивните телефони, што можеби ќе одговори на некои прашања. Се очекува полицијата да дознае со кого разговарале, како и кои биле нивните контакти. ГПС би требало да открие каде патувале, а постои надеж дека евентуални фотографии и записи ќе откријат повеќе за нивниот живот и планови, изјавил извор од безбедносните структури, додавајќи дека од сопругите на убиените полицијата не успеала да добие никакви информации.

Според изворот, сигурно знаат многу работи, но бидејќи со години живееле со мафијата знаат како да се однесуваат доколку се случи нешто лошо. Вели дека дури и децата знаеле како да се однесуваат во вакви случаи.

Според грчките медиуми, на прашањето од страна на полициските службеници каде живеат и каде живееле досега, рекле дека не знаат и оти не се сеќаваат.

Засега грчката полиција има многу малку информации за четворицата мажи за кои се смета де го извршија двојното убиство. Медиумите пишуваат дека станува збор за платени убијци кои тимски го извршиле атенатот. Односно, двајца пукале, а двајца биле логистика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот