Бакингамската палата покрена истрага поради Меган Маркл

Profimedia
Фото: Профимедиа

По објавата на британските медиуми дека Меган била премногу груба со членовите од персоналот, реагираше и Бакингамската палата…

Бакингамската палата соопшти вчера дека ќе ги истражи наводите на британскиот медиум „Times“ дека Меган Маркл (39) малтретирала неколку членови од персоналот пред да ги напушти кралските должности и да започне самостоен живот во Америка.

Од палатата изјавија дека се многу загрижени поради изнесените наводи и дека тимот за човекови ресурси ќе ги истражи сите околности.

„Членовите на персоналот кои тогаш биле вработени, вклучувајќи ги и оние кои го напуштиле работното место, ќе бидат повикани со цел да се истражи ситуацијата“, се наведува во изјавата.

Оттаму порачуваат дека не дозволуваат ниту пак ќе дозволуваат злоставување или вознемирување на работното место.

Фото: Профимедиа

Спорниот натпис „Times“ го објави во вторникот повикувајќи се на извори кои тврдат дека војвотката од Сасекс избркала двајца лични асистенти од домаќинството и ја потценувала довербата на трето лице.

Портпаролот на Меган Маркл ги отфрли тие наводи, изјавувајќи дека тоа е напад на нејзината личност.

Сето ова се случува во пресрет на емитувањето на големото интервју на војвотката и војводата од Сасекс кое го дадоа за Опра Винфри, чие емитување се очекува на 7 март на CBS, и токму затоа војводите сметаат дека ова е само личен удар врз нив со цел да се отргне вниманието од интервјуто и пикантериите кои допрва ќе допрат до јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот