Бајден: Војската ќе интервернира ако Трамп не сака да си оди по поразот на изборите

Џо Бајден

„Апсолутно сум уверен дека експресно ќе го извадат од Белата куќа“, нагласи Бајден.

Демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден изјави денеска дека е загрижен што претседателот Доналд Трамп ќе се обиде да ги „украде“ изборите во ноември, но е сигурен дека војниците ќе го извадат од Белата куќа ако загуби и нема да сака да го признае резултатот.

„Тоа многу ме загрижува: Претседателот ќе се обиде да ги украде изборите“, рече Бајден во средата во шоуто „Комеди Централ“.

Тој не прецизираше како републиканецот Трамп би можел да мами на изборите. Но, поранешниот потпретседател потсети дека Трамп жестоко се спротивставува на дописното гласање и најави дека демократите ќе имаат адвокати на избирачките места за да ги спречат републиканците да манипулираат со ливчињата.

Дописното гласање подразбира испраќање на гласачки ливчиња по пошта до гласачите.

Трамп во неколку наврати го критикуваше дописното гласање, велејќи дека без никави докази поголемиот удел на дописни ливчиња би довело до масовна кражба на гласови на изборите на 3. ноември.

Бајден рече дека коментарите на поранешните воени заповедници, кои го критикуваат одговорот на Трамп на протестите против полициската бруталност, го увериле дека американската војска ќе интервенира ако Трамп не ги признае резултатите од изборите.

„Апсолутно сум уверен дека експресно ќе го извадат од Белата куќа“, нагласи Бајден.

Бајден и претходно јавно предупредуваше дека Трамп би можел да мами на изборите. Но, неговата реторика се заостри последните месеци, во време кога анкетите покажуваат предност на поранешниот потпретседател над претседателот и кога Трамп се повеќе се спротивставува на дописното гласање.

Трамп и републиканците сметаат дека на дописното гласање може да се мами и дека тоа ги фаворизира демократите, иако тоа го демантираат бројни независни студии.

Изборниот штаб на Трамп не одговори на барањето за коментар на изјавите на Бајден.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот