Бајден: Вакцинацијата во САД не е доведена во прашање по одлуката за „пауза” на употребата на вакцината на „Џонсон и Џонсон”

Фото: EPA-EFE/Anna Moneymaker / POOL

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека вакцинацијата во САД не е доведена во прашање по одлуката за „пауза” на употребата на вакцината  на „Џонсон и Џонсон” против коронавирусот, поради случаи на појава на згрутчување на крвта.

– И со привремен прекин на вакцинацијата со вакцината на „Џонсон и Џонсон”, постои огромна понуда на вакцини на „Фајзер” и „Модерна”, доволно за 100 отсто вакцинацијата да не биде доведена во прашање, за секој Американец, изјави Бајден.

Американските здравствени власти вчера препорачаа „пауза” во употребата на вакцината „Џонсон и Џонсон”.

Агенцијата за лекови (ФДА) испитува шест пријавени случаи на тежок облик на тромб во САД по приемот на вакцината.

Центарот за контрола и превенција на болести, водечка агенција за јавно здравје во САД, треба да се состанат денеска за да ја проценат ситуацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот