Бајден разговарал со емирот на Катар: „Без одлагање“ да се ослободат заложниците од Газа

Џо Бајден / Фото EPA-EFE/YURI GRIPAS / POOL

Американскиот претседател Џозеф Бајден и емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад ал-Тани, денеска телефонски разговараа за итната потреба Хамас „без одлагање“ да ги ослободи заложниците земени за време на нападот врз Израел на 7 октомври, соопшти Белата куќа.

Двајцата лидери разговараа и за „постојаните напори за зголемување на испораката на многу потребната хуманитарна помош во Газа“, се додава во соопштението.

На првиот ден од нападот на палестинските екстремисти од југот на Израел, околу 240 заложници беа однесени во Појасот Газа.

Синоќа, за време на состанокот на воениот кабинет, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му телефонираше на претседателот Бајден и апелираше до него да изврши притисок врз катарскиот емир да го зголеми бројот на заложници кои ќе бидат вклучени во договорот меѓу Хамас и израелската страна за кој посредува Катар, јавија израелските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот