Бајден ги зголемува шансите за победа на претседателските избори

Џо Бајден

Аналитичарите, меѓутоа, сметаат дека шансите за победа на Трамп би можеле повторно да се подобрат доколку се подобри и епидемиолошката состојба во земјата.

Демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден од ден на ден ги зголемува своите шанси за победа против Доналд Трамп на претседателските избори во ноември, покажуваат речиси сите сериозни анкети во САД,  објави Си-Ен-Ен.

На 100 дена пред претседателските избори анкетите покажуваат дека 29 проценти од испитаниците сметаат дека коронавирусот е најважниот проблем со кој се соочуваат САД, додека речиси  половина помалку од анкетираните веруваат дека економијата е најважното национално прашање.

Фактот дека Американците го перцепираат коронаворусот, а не економијата како најважно национално прашање покажува дека претседателот Трамп во моментов се соочува со сериозен проблем.

Аналитичарите, меѓутоа, сметаат дека шансите за победа на Трамп би можеле повторно да се подобрат доколку се подобри и епидемиолошката состојба во земјата.

„Во овој момент подобро е да сте Џо Бајден отколку Доналд Трамп, но изборната трка се уште е далеку од завршена”, заклучува Си-Ен-Ен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот