Бајден ги кани Путин и Џинпинг на Самит за климата на 22 и 23 април

Џо Бајден /Фото: EPA-EFE/STEFANI REYNOLDS / POOL

Американскиот претседател Џо Бајден ги повика своите колеги од Русија и од Кина, Владимир Путин и Си Џинпинг на прв голем меѓународен Самит за климата, изјавија претставници на администрацијата во Белата куќа за Асошиејтед прес.

Соединетите Американски Држави се надеваат дека Самитот на 22 и на 23 април ќе придонесе за забрзување и продлабочување на глобалните напори за намалување на загадувањето со фосилно гориво што ја уништува климата.

Бајден се обидува да го обнови светскиот Форум за клима, собирајќи ги лидерите на најголемите светски економии во кој претходно учествуваа Џорџ Буш и Барак Обама, но го напушти Доналд Трамп.

Денеска од Вашингтон се пратени 40 покани до лидери на најголемите светски економии, донатори и претставници на земји кои се најпогодени со климатските промени.

Бајден, со организација на Самитот, исполнува едно од своите предизборни ветувања за намалување на експлоатацијата на јаглен, природен гас и нафта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот