16 C
Скопје

Бајден: До крајот на мај во САД ќе има вакцини за сите

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека САД ќе имаат доволно вакцини за секој возрасен до крајот на мај, два месеци порано отколку што претходно проценуваше администрацијата. Администрацијата на Бајден работи на зголемување на снабдувањето и дистрибуцијата на три одобрени вакцини, пренесува „Ен-Би-Си Њуз“.

За тоа ќе придонесе договорот склучен меѓу фармацевтските компании „Мерк“ и „Џонсон&Џонсон“, со посредство на администрацијата на Бајден, откако официјалните лица дознаа дека „Џонсон&Џонсон“ заостануваат во производството на својата вакцина.

Сега, две фабрики на „Мерк“ ќе бидат искористени за производство на вакцината, соопшти официјален претставник на администрацијата.

„Мерк“ се обиде да произведе своја вакцина, но на крајот на јануари објави дека го запира развојот на своите два кандидати, откако податоците од раните клинички испитувања покажаа слаб имунолошки одговор.

Прочитајте и...  Рашковски вози џип вреден 74 илјади евра кој не фигурира во неговиот анкетен лист

Според Центрите за контрола и превенција на болести, повеќе од 15 проценти од луѓето во САД досега примиле барем една доза од вакцината против ковид-19.

Федералната влада оваа недела ќе достави 15,2 милиони дози во сојузните држави, наспроти 14,5 милиони минатата недела и речиси двојно повеќе дози отколку што биле испорачани пред инаугурацијата на Бајден, изјави синоќа портпаролот на Белата куќа Џен Псаки.

Поврзани вести

ЕУ воведе санкции за официјални лица во Иран: Техеран одговори со прекинување на соработката

Слободен печат

Американската амбасада во Сараево нема да шпекулира за наводни изјави за територијални поделби

Слободен печат

Дачиќ: Не бев близок со семејството Милошевиќ, но не бев предавник

Слободен печат

77-годишен могилчанец уапсен откако им се заканувал на соселаните со пиштол

Слободен печат

Лукаревска: Најостро демантирам дека Дејан Смилевски имал каква било допирна точка со МојДДВ

Слободен печат

Рашковски вози џип вреден 74 илјади евра кој не фигурира во неговиот анкетен лист

Слободен печат

Остави Коментар