Баерн Минхен не ја дава титулата во Бундес лигата

Баерн и сезонава со шампионски амбиции/Фото: EPA-EFE/LUKAS BARTH-TUTTAS

Баерн Минхен ја продолжува доминацијата во германската Бундес лига, откако денеска по седми пат едноподруго или 29. пат во клупската историја, ја освои титулата. Победата вредна шампионска титула, баварците ја остварија на „Алијанц Арената“ каде со 5:1 го совладаа Ајнтрахт Франкфурт и со вкупно 78 бодови, само два повеќе од Борусија Дортмунд.

Покрај Баерн Минхен и Борусија Дортмунд во ЛШ ќе играат и уште и екипите на Лајпциг и Баер Леверкузен. Хановер и Нирнберг се селат во втората Бундес лига, додека Штутгарт ќе игра за бараж за опстанок.

Кингсли Коман го доведе Баерн во водство уште во четвртата минута, а израмни Халер на почетокот на вториот дел. Сепак, Алаба во 53.минута повторно донесе предност за баварскиот тим, а до крајот погодија уште Ренато Санчез, Франк Рибери и Арјен Робен.

Натпреварот против Ајнтрахт беше последен во дресот на Баерн Минхен за тројца играчи кои ја одбележаа историјата на германскиот тим, Арјен Робен, Франк Рибери и Рафиња.

EPA-EFE/LUKAS BARTH-TUTTAS

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот