Бачуаи се истрча да се пофали дека ќе игра на ЕП, од Федерацијата го казнија со 50 склекови

epa09117319 Crystal Palace's Michy Batshuayi (L) scores the 1-1 goal during the English Premier League soccer match between Everton FC and Crystal Palace in Liverpool, Britain, 05 April 2021. EPA-EFE/Peter Powell / POOL EDITORIAL USE ONLY. No use with unauthorized audio, video, data, fixture lists, club/league logos or 'live' services. Online in-match use limited to 120 images, no video emulation. No use in betting, games or single club/league/player publications.

Пред фудбалската федерација на Белгија да го објави списокот на селекторот Роберто Мартинез за претстојното ЕП, напаѓачот Мичу Бачуаи „се излета“ и доби невообичаена казна.
Имено, фудбалерот на Кристал Палас се пофали на социјалните мрежи дека е меѓу  репрезентативците кои ќе настапат на ЕП, но од Федерацијата не му се налутија туку одлучија да се пошегуваат со него.
Имено, тие на објавата на Бачуаи му одговорија:
„Мичи, тоа се 50 склекови на првиот тренинг“.
Фудбалерот потоа се извини бидејќи мислеше дека списокот е веќе официјален, а потоа напиша дека ја прифаќа казната и сето тоа испратено со емотикон.

Видео на денот