„Баба“ е новиот роман на Луан Старова од книжевниот циклус „Балканска сага“

Еден од најзначајните македонски прозаисти со големо меѓународно реноме, академик Луан Старова, ја продолжува приказната од романите на познатиот книжевен циклус „Балканска сага“ со најновиот роман „Баба“, објавен во издание на „Паблишер“.

Инспириран од ликот на баба му Хазбије, тој ја дешифрира невидливата и нераскинлива врска помеѓу навидум раздвоените и напати антагонистички колективни социјални ентитети. Притоа, како централен лик во романот, кој го следи нејзиниот живот од најраните младешки години до самиот крај, Хазбије прераснува во апотеоза на Жената – единствениот и пресуден фактор кој овозможува поврзување на луѓето, и тоа на сите нивоа, од семејството, како интимна заедница, до соработка и поврзување на големите светски култури и цивилизации.

Како голем познавач на човековата душа и на видливите и невидливите феномени скриени во митологијата и животот на балканските народи, Луан Старова ни подарува уште една прекрасно напишана приказна што освојува.

Како што нагласува академик Ферид Мухиќ, автор на поговорот, ова е роман за „феноменот на вечната човекова подвоеност, условно кажано – помеѓу небото и земјата. Не нужно распнатост, не секогаш растргнатост, туку едноставно подвоеност како реална ситуација, како еден вид агрегатна состојба во која се манифестира животот на секој човек“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 89, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 17-18 јули 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот