Автобус од Косово се заглави кај подвозник во Загреб

Регистриран уште инцидент под познатиот подвозник во Загреб кој се случи утринава кога возач на двокатен автобус се обидел да помине под конструкцијата висока 3,65 метри и покрај јасно истакнатите сообраќајни знаци кои предупредуваат за ограничување на висината.

Автобус со косовски регистерски таблички останал заглавен на левата сообраќајна лента, предизвикувајќи голем метеж во утринскиот шпиц, пишува „Индекс“.

Поради тоа, сообраќајот беше пренасочен на десната лента, што доведе до дополнително забавување и формирање на колона возила која се протегаше наназад неколку стотици метри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот