Австралиец обвинет за силување на 24 деца, ги „ловел“ преку семејството и пријателите

Сексуално злоупотребување илустрација/ Фото Top Channel

Маж од Западна Австралија е обвинет за повеќе од 400 сексуални престапи врз деца.

47-годишниот маж од Перт е обвинет, меѓу другото, за 240 случаи на малтретирање на дете до 13 години, 98 за несоодветно снимање на дете до 13 години и 44 сексуални пенетрации на дете до 13 години, соопшти полицијата вчера.

Полицијата покрена истрага по дојава во јули минатата година. Таа ја пребарала куќата и работното место на 47-годишникот и пронашла околу 3,8 милиони несоодветни фотографии и видеа, пишува CNN.

Полицијата соопшти дека идентификувала 24 момчиња и девојчиња кои биле сексуално злоставувани од мажот во периодот од 2015 до 2021 година.

-Ова е една од најзначајните истраги за злоставување на деца спроведена во Западна Австралија во однос на пронајдениот материјал и бројот на жртвите, изјави детективот Хамиш Мекензи.

9 Вести наведува дека малтретираните деца биле на возраст од 3 до 13 години. Полицијата верува дека мажот доаѓал до жртвите преку семејството и пријателите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот