АВМУ: Од утре прекршочни за радиодифузерите кои ќе продолжат да емитуваат ППР со малолетници

АВМУ. / Фото: Архива на Слободен печат

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) со мониторингот на изборното медиумско претставување од кампањата за Предвремените парламентарни избори 2020 година повторно констатираше дека одредени телевизии емитуваат платено политичко рекламирање (ППР) во кое има малолетници, што е спротивно на член 76 став 3 од Изборниот законик.

„Имајќи предвид дека радиодифузерите се одговорни за законитоста на содржините кои ги емитуваат, Агенцијата предупредува дека од утре, секое емитување на ППР во кое има малолетници ќе биде предмет на прекршочна постапка“, наведуваат од АВМУ.

За да се избегнат ваквите случаи, оттаму апелираат радиодифузерите внимателно да ги прегледуваат сите содржини, а оние кои не се во согласност со Изборниот законик и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да одбијат да ги емитуваат. Воедно ги повикуваат учесниците во изборната кампања да го усогласат нивното платено политичко рекламирање со законите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот