Авганистанскиот претседател се јави од Емиратите, тврдејќи дека не ги зел парите од државната каса

Претседателот на Авганистан Ашраф Гани/Фото: EPA-EFE/Pete Marovich / POOL

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани, кој е во егзил во Обединетите Арапски Емиратиизјави дека го напуштил Кабул за да спречи крвопролевање и ги отфрли извештаите дека ја напуштил претседателската палата со голема сума пари.
Гани беше жестоко критикуван од поранешните министри за напуштање на земјата кога талибанските сили влегоа во Кабул во неделата.

„Да останев, ќе бев сведок и предизвикувач на крвопролевањето во Кабул“, рече Гани во видео порака објавена на Фејсбук, што е негов прв јавен коментар откако беше потврдено дека тој е пребефган во Обединетите Арапски Емирати.

Тој, исто така, рече дека ги поддржува преговорите меѓу Талибанците, кои ја презедоа власта во Кабул, и поранешните високи авганистански функционери, додавајќи дека „преговара за враќање во својата земја од која избега“, пренесе АФП.

„Ја поддржувам владината иницијатива за преговори со поранешниот потпретседател Абдула Абдула и поранешниот претседател Хамид Карзаи. Посакувам успех на овој процес “, рече тој во видео пораката.
Тој додаде дека владини претставници го советувале да си замине.

Министерството за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати потврди дека авганистанскиот претседател Ашраф Гани се наоѓа во оваа заливска земја.

Гани избега од Авганистан во неделата попладне кога Талибанците влегоа во Кабул, но досега никој не знаеше каде се наоѓа.

Авганистанскиот амбасадор во Таџикистан во средата го обвини Гани дека зел 169 милиони долари со себе. Тој го нарече бегството на Гани „предавство на татковината и народот“, пренесува Би -Би -Си.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот